Раул: Ако сакаме да победиме кај Кiелце треба да играме како да е финале

Од:

Тренерот на македонскиот ракометен шампион Вардар, Раул Гонзлаес, пред утрешното гостување во Полска кај актуелниот европски првак Куелце изјави дека „црвено-црните“ за да дојдат до позитивен резултат ќе мора да играат како натпреварот да е финале.

– Очекувам многу интензивен натпревар, зашто Кјелце игра дома и има притисок да победи таму ако сака да биде прво место. И ние треба да одиграме како да е финале ако сакаме да направиме добар резултат. Тие имаат поголеми шанси од нас, бидејќи играат дома, но никогаш не знаете што е подобро. И ние мислевме дека тука против Рајн-Некар ќе победиме, ама не беше така. А претходно во Германија игравме супер и неколку дена подоцна се беше поинаку.

Имавме многу проблеми со ситуацијата голман како играч во нашата одбрана, затоа трениравме таква ситуација и тоа е тоа. Мора да се знае дека сите екипи имаат многу добри играчи и не е лесно. Никогаш не можете да знаете, сите сакаме да победиме, но ќе видиме, вели Гонзалес.
На средбата во Скопје, Вардар победи со 40:34, а утрешниот дуел е закажан за 18 часот и ќе биде особено важен за првото место во групата Б од Лигата на шампионите.

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ