Ратко Рудиќ се повлекува од селекторската функција

Од:

Ратко Рудиќ се повлекува од селекторската функција во ватерполо репрезентацијата на Хрватска.

Најтрофејниот тренер во историјата на ватерполото, реши да ја напушти функцијата на која мина седум години, пишува „Вечерњи лист“.

Рудиќ има освоено 36 медали на големите натпреварувања, од кои десет со хрватската репрезентација.

Тој стана олимписки и светски првак со три различни репрезентации Хрватска, Италија и Југославија.

Веднаш по завршувањето на Олимписките игри во Лондон, започнаа шпекулациите дека Бразил на Рудиќ му понудил еден милион долари за договор од 4 години.

Би можело да ве интересира

Тешка сообраќајка во Сплит, повредени се пет деца

Хрватите следната недела ќе ги бојкотираат банките и телекомуникациските компании

Доставувач на Волт врши нужда во ходникот на зграда во Хрватска

Предраг Петровиќ

85 училишта во Хрватска добија исламистички закани, во истрагата се вклучи и Европол

Конечна пресуда: Иво Санадер не е воен профитер

Евакуација на училишта во Хрватска, добиле закани за бомби