Рашфорд: Посилни сме по карантинот

Од:

Маркус Рашфорд е на мислење дека Манчестер Јунајтед е во „многу посилна позиција“ пред продолжување на сезоната во Премиер лигата отколку во времето кога лигата беше суспендирана во март.

Пред пандемијата на коронавирус да го запре шампионатот, „црвените ѓаволи“ беа во добра форма, непоразени во претходните 11 натпревари на сите турнири. Паузата му овозможи на англискиот интернационалец да се опорави од повредата на грбот, што го извади од игра за повеќето натпревари во серија и сега е подготвен да му помогне на Јунајтед да продолжи со подемот на гостувањето кај Тотенхем на 19 јуни.

– Мислам дека сме во далеку подобра позиција по карантинот отколку порано. Мора да играме натпревар за натпревар и да не гледаме премногу напред. Напорно работиме за време на тренинзите, бидејќи многу од момчињата се опоравија од повредите и се вратени во тимот. За мене лично јас ја имав најдобрата сезона во мојата кариера до повредата, па сега сум многу мотивиран да му помогнам на тимот во преостанатите натпревари, изјави тој за фан-страница на Јунајтед.

Додека фудбалот беше суспендиран, Рашфорд се вклучи во неколку добротворни иницијативи, обезбедувајќи бесплатна храна на деца кои имаат потреба.

Би можело да ве интересира

Де ла Фуенте останува селектор на шпанската репрезентација до крајот на ЕП 2028 година

Колапс на ѕвездата која заработи милиони: На 32 години работи за плата од 420 евра

Легендарниот дански фудбалер објави крај на играчката кариера

А1он

ВИДЕО: Тренерот на ПАОК сам нападна неколку навивачи на АЕК, ​​доби суспензија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Навивач го прекина едноминутното молчење за жртвите во Магдебург, цел стадион му одговори

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Фудбалерот на Монако тешко го повреди Донарума

Горан Наумовски