Range Rover Sport

Од:

Непосредно пред почетокот на Самот на автомобили во Њујорк актуелниот Џејмс Бонд, британскиот актер Даниел Крег, го претстави најновиот модел „Ренџ Ровер Спорт“.

„Ланд Ровер“ најновиот „Ренџ Ровер Спорт“ го опишува како „најбрзиот и најагилниот“ модел во својата историја.

Новиот Спорт го комбинира дизајнот на стандардниот Ренџ Ровер и моделот „Евоук“. Автомобилиот со 4.850 милиметри е подолг за 62 милиметри од претходникот, додека меѓуоскиното растојание е зголемено за 178 милиметри.

Во однос на стандардниот Ренџ Ровер, моделот Спорт е покомпактен и пократок за 149 милиметри, додека суспензијата е потврда и прилагодена за спортско возење.

Благодарение на користењето алуминиум во конструкцијата на возилото, новиот Ренџ Ровер Спорт е полесен од претходникот за дури 420 килограми.

На почетокот ќе бидат достапни два мотори. Основниот модел ќе бидр опремен со 3,0 литарски СДВ6 дизел мотор со 292 коњски сили, додека посилната верзија е придвижувана од 5,0 литарски В8 бензински мотор со 510 коњски сили.

Силата на моторот се пренесува на сите четири тркала преку осумстепен ЗФ автоматски менувач.

На почетокот на 2014 година погонската понуда ќе биде зголемена за уште два дизели, 3,0 литарски ТДВ6 со 258 коњски сили и 4,4 литарски ДСВ8 со 339 коњски сили, а нешто подоцна ќе биде достапен и хибриден модел.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска