Рамос, Азар и Модриќ гласаа за Зидан, Бејл не, во изборот за тренер на годината

Од:

Познато е како гласаа фудбалерите на Реал Мадрид во изборот на ФИФА за најдобар тренер за 2020 година.

Капитенот на Реал и на шпанската фудбалска репрезентација, Серхио Рамос и играчот за врска и предводник на Белгија, Еден Азар го ставија Зинедин Зидан на првото место, додека играчот за врска на Реал и капитен на Хрватска, Лука Модриќ, го смести Зидан на второто место, по Ханс-Дитер Флик од Баерн Минхен.

Капитенот на Велс и член на „кралскиот клуб“ кој во моментов е позајмен во Тотенхем, Герет Бејл, не го наведе Зидан во најдобрите тројца. Велшанецот, кој не добиваше доволно минутажа од Французинот, своите гласови ги даде на Флик, Јирген Клоп (Ливерпул) и Хулен Лопетеги (Севиља).

Зидан не се пласираше помеѓу најдобри тројца во номинацијата за тренер на годината.

Би можело да ве интересира

ФИФА: Светско првенство 2030 година во шест земји, 2034 година во Саудиска Арабија

Македонија напредуваше две места на ФИФА листата во ноември

А1он

ФИФА размислува за воведување „предизвици“, еве што значи тоа за играта

ФИФА воведува трет преоден рок

ФИФА го казни Мартинез суспензија од два натпревари поради „непристојно однесување“

ФИФА ја укина суспензијата на Партизан, „црно-белите“ можат да пријават нови играчи