Клучниот играч за победите на Реал Мадрид во последните неколку кола, капитенот Серхио Рамос, смета дека за успехот е заслужен целиот тим и не сака заслугите да му се препишуваат него.
Тој и денес го постигна единствениот гол за Реал во триумфот над Атлетик Билбао во 34. коло на Ла Лига.
– Ја преземав одговорноста да ги изведувам пеналите. Не е важно кој ќе постигна гол, туку на крајот е важно да ги освојуваме бодовите. Личното признание ми е споредно. Важно е тимот да ги постигне целите што си ги поставивме за себе. За среќа, тоа е сега така. Ако повеќе се интересирав за лично признание, веројатно ќе играв тенис. И фудбалот е многу убав спорт, тимски и затоа заслугите се на сите, изјави Рамос.
Реал е прв на табелата со седум бода пред Барселона која има и натпревар помалку.