Раководството на Рома планира на тренерот на римскиот фудбалски клуб Даниеле Де Роси да му понуди нов, повеќегодишен договор, пренесува Калчомеркато.
Де Роси ја презеде Рома во јануари, откако на клупата на „волчицата“ го наследи Жозе Мурињо, кој доби отказ по серијата лоши резултати.
Де Роси (40) постигна шест победи во седум натпревари со „волчицата“. Тој има договор со римскиот клуб до крајот на сезоната.