Де Роси: Заниоло има предиспозиции да стане голем играч

Од:

Капитенот на Рома, Даниеле де Роси по победата (2:1) над Порто во осминафиналето на Лигата на шампионите беше фасциниран од играта на младиот и талентиран Николо Заниоло.

Деветнаесет годишниот Италијанец постигна два гола во второто полувреме.

„Заниоло е неверојатно силен физички за својата возраст, но има и неверојатна техника. Веќе е одличен играч и му прогнозирам дека ќе стане голем шампион. Знаевме дека натпреварот ќе биде тежок. Штета е што пропуштивме добра предност. Резултатот од 2: 1 не ветува мирен реванш. Сега шансите се 51:49 во наша корист“, изјави Де Роси.

Реваншот на кој домаќин ќе биде Порто ќе се игра на 6 март во Португалија.

Би можело да ве интересира

Раководството на Рома му нуди продолжување на договорот на Даниеле де Роси

Рома на лето ќе се обиде да го убеди Клоп да го води тимот

Рома го доби посакуваниот потпис – Белоти доби едногодишен договор

Шок за Рома се повреди Вајналдум

Даниеле де Роси ќе биде тренер во Серија Б

Рома ја одби понудата на Тотенхем за Заниоло