Женскиот ракометен шампион на Македонија, ЖРК Вардар за прв пат одработи тренинг во новиот дом.
Вардарки стартуваа со работата во новата сала на СЦ „Јане Сандански“ и тие се првиот тим кој почна да ги користи одличните услови што ги нуди новиот спортски комплекс.
Тренерот Индира Кастратовиќ е презадоволна од условите во новиот спортски центар и се надева дека ова арена ќе биде новата неосвоива тврдина за сите екипи кои ќе гостуваат во неа.
– Морам да кажам дека условите во салата се одлични, и секоја екипа би посакала да има услови какви што во моментов ги имаме ние. Најинтересно на почетокот е тоа што се уште се навикнуваме од каде е влезот и излезот за на терен, бидејќи салата е многу голема, но, со текот на времето ќе се среди и тоа. Се надевам дека и во салата ќе редиме само успеси, а со тоа ќе им овозможиме и многу радост на нашите навивачи, стои во изјавата на Кастратовиќ за официјалниот сајт на клубот.