Ракометарките на Вардар подготвени го чекаат полуфиналето со Будуќност

Од:

Ракометарките на македонскиот првак Вардар втора сезона по ред ќе бидат учеснички на завршниот турнир од Лигата на шампионите во Будимпешта. Лани „вардарки“ го освоија третото место, а во полуфиналето беа запрени по продолжение од Будуќност.

Истиот ривал на истото место повторно ќе биде пречка за македонскиот тим на патот до финалето.

– Втора година сме учесници на „фајнл фор“ турнирот во Будимпешта. Лани бевме неискусни и аутсајдери, а сега со добри подготовки имаме свои шанси. Во однос на лани имаме и квалитетни засилувања. Знаеме дека Будуќност е квалитетен тим, кој игра цврсто. За нас е важно да одиграме добра одбрана, за мене тоа е клучот на успехот, изјави тренерот на Вардар Индира Кастратовиќ.

Четирите екипи учеснички на завршниот турнир во Будимпешта се веќе пристигнати во главниот град на Унгарија. Во првото полуфинале утре од 14:15 часот играат Ларвик и Динамо Синара, додека дуелот Вардар – Будуќност почнува во 16:45 часот. Во недела од 17 часот е финалето, додека во 14:30 часот почнува дуелот за третото место.

Би можело да ве интересира

Македонските ракометарки во група со Шпанија, Литванија и Азербејџан во квалификациите за ЕП2024

Ана Ололовска

Шпанија, Германија, Данска и Бразил се пласираа во четвртфиналето на ракометното СП

Ана Ололовска

Минимален пораз за македонските ракометарки на гостувањето во Црна Гора

Ана Ололовска

Мојсовски: Со златните ракометарки, македонскиот ракомет има светла иднина

Ана Ололовска

Пинк ќе ја плати казната на норвешките ракометарки кои одбија да играат во бикини

Ана Ололовска

Македонските ракометарки го победија Косово, но не изборија полуфинале на ЕХФ турнирот во Скопје

Ана Ололовска