Македонскиот ракометен првак Вардар, која е единствената екипа сезонава во Лигата на шампионките без пораз, попладнево пред својата публика ќе игра против црногорскиот шампион Будуќност.
Ова е натпревар од 4. коло на втората фаза во ракометната Лига на шампиони, која црвено-црните ја стартуваа токму со победа над денешниот противник кој на гостувањето во Подгорица го совладаа со 31-28.
Мечот меѓу Вардар и Будуќност, кој ќе се игра во СЦ „Јане Сандански“, ќе започне од 17.30 часот.
Вчера се одиграа две средби од групата 1, во кои победи остварија домашните екипи. Астраханочка го победи Турингер со 26-24, а унгарскиот Ференцварош славеше во дуелот против Мец со 29-23.
На првите две места во оваа група со по 13 бодови се Вардар и Ференцварош, пред Будуќност кој има 8, а потоа следуваат Мец 6, Турингер 4 и Астраханочка 2.
Во втората група вчера се одиграат натпреварите, Ларвик – ЦСМ Букурешт 35-33 и Крим Љубљана – Ѓер 17-34, додека денеска ќе се сретнат Есбјерг – Митјиланд.
Ѓер е лидер на табелата со 13 бодови, пред Ларвик со 10 и Митјиланд со 8, а по нив следуваат ЦСМ Букурешт 7, Крим Љубљана 6 и Есбјерг 2.