Со натпреварот одигран синоќа меѓу Савенхоф и Митјиланд во кој победа од 32-24 оствари домашната екипа, започна 4.коло од главната фаза во женската ракометна Лига на шампиони.
Ова беше дуел од групата 2 во која утре се игра дербито меѓу Будуќност и Ѓер, а во вторник (16 февруари) македонскиот првак ЖРК Вардар гостува во Романија кај составот на Букурешт.
Во групата 1, двојките за ова коло се: Ференцварош – Ростов (денеска), Турингер – Ларвик и Флори – Баја Маре (утре).
Група 1 – табела: Ростов Дон 14 бодови, ФТЦ Ференцварош 9, Баја Маре 6, Ларвик 6, Флори 6 и Турингер 1.
Група 2 – табела: Будуќност 11 бода, Ѓер 11, ЖРК Вардар 8, Букурешт 7, Митјиланд 5 и Савехоф 2.