Ракометарките на Букурешт се новите европски шампионки

Од:

Ракометарките на Букурешт, по голема драма и пенал „рулет“, ја освоија титулата во Лигата на шампионките.

Во финалниот меч на завршниот Фајнал-фор турнир кој се одржа во Будимпешта, ракометарките на Букурешт го совладаа фаворизираниот унгарски тимот на Ѓер со 29:26 по подоброто изведување на седмерци.

Неизвесен и израмнет дуел одиграа овие две екипи, а во ниту еден момент која било екипа не успеја да оствари позабележителна предност па на полувремето беше 13:12 за романската екипа, а на крајот на регуларните 60 минути израмнето 22:22.

По продолжението (2х5 минути) резултатот повторно беше израмнет 25:25. Во пенал рулетот, повеќе среќа имаа ракометарките на Букурешт кои до шампионскиот трофеј стигнаа со конечен резултат 29:26.

Најефикасна ракометарка во редовите на новиот европски првак беше Изабеле Гулден која средбата ја заврши со 15 голови.

Претходно, во натпреварот за 3.место, македонските првенки ЖРК Вардар го совладаа сега веќе екс-европскиот шампион Будуќност со 30-28 и по третпат во низа како трето пласирани ја завршуваат сезоната во елитната Лига на шампионки.

Би можело да ве интересира

Македонските ракометарки во група со Шпанија, Литванија и Азербејџан во квалификациите за ЕП2024

Ана Ололовска

Шпанија, Германија, Данска и Бразил се пласираа во четвртфиналето на ракометното СП

Ана Ололовска

Минимален пораз за македонските ракометарки на гостувањето во Црна Гора

Ана Ололовска

Мојсовски: Со златните ракометарки, македонскиот ракомет има светла иднина

Ана Ололовска

Пинк ќе ја плати казната на норвешките ракометарки кои одбија да играат во бикини

Ана Ололовска

Македонските ракометарки го победија Косово, но не изборија полуфинале на ЕХФ турнирот во Скопје

Ана Ололовска