Екипата на Астраханочка забележа победа над Турингер со 26-24 во воведниот натпревар од 4.коло на втората фаза во ракометната Лига на шампиони.
Ова беше натпревар од групата 1 во која денеска се игра и средбата игра и средбата Ференцварош – Мец, додека утре во СЦ „Јане Сандански“ македонскиот шампион ЖРК Вардар ја пречекува екипата на Будуќност во мечот кој ќе започне од 17.30 часот.
На табелата во оваа група водечки е Вардар со 13 бодови, а по него следуваат: Ференцварош 11, Будуќност 8, Мец 6, Турингер 4, Астраханочка 2.
Во втората група денеска се играат два натпревари, Ларвик – ЦСМ Букурешт и Крим Љубљана – Ѓер, а утре ќе се сретнат Есбјерг – Митјиланд.
Ѓер е лидер на табелата со 11 бодови, пред Митјиланд и Ларвик кои имаат по 8, а по нив следуваат ЦСМ Букурешт 7, Крим Љубљана 6 и Есбјерг 2.