Ракометарките му дадоа 41 гол на Азербејџан

Од:

Женската ракометна репрезентација на Македонија оствари убедлива победа над Азербејџан со 41:22 (18:8) на стартот на квалификациите за баражот за СП 2019, кое ќе се одржи во Јапонија.

„Жолто-црвените“ одиграа силен дуел и ја покажаа својата надмоќ над противникот, откако во ниту еден момент на оставија сомнеж за победата.

Сара Ристовска со 11 голови ја предводеше Македонија, а кај Азербејџан Танкаскаја реализираше шест.

Нашата репрезентација утре од 18:00 часот ќе го одигра вториот меч од квалификациите со селекцијата на Исланд.

Првото место во групата, во која е уште и Турција, носи пласман во јунскиот бараж за СП 2019.

Би можело да ве интересира

Македонските тимови ги добија противниците во ЕХФ купот во женска конкуренција

Ана Ололовска

Извлечени групите за овогодинешното издание на женската ракометна ЛШ

Втор пораз од Словенија за македонските ракометарки во баражот за СП

Ана Ололовска

Кадетите ги добија противниците за СП 2019

Четврта титула за ЖРК Металург

Ана Ололовска

Дамчевска го објави списокот за ЕХФ – неделата

Татјана Ташкова