Ракометарите на Вардар први до 100 натпревари во Лигата на шампионите

Од:

Екипата на Вардар е првата машка екипа од Македонија што ќе стигне до бројката од 100 одиграни натпревари во групната фаза од Лигата на шампионите.

Јубилејниот меч ќе биде прославен на средбата со Кристијанштад на 12 март во Скопје, во последното 14.коло од Б групата.

„Црвено-црните” викендов гостуваат кај Мешков Брест во Белорусија каде ќе атакуваат на победа која ќе им го осигура првото место во групата, а со тоа и директен пласман во четвртфиналето.

Во моментов Вардар е лидер во Б групата со 18 бода по 12 одиграни натпревари пред Рајн Некар со 17, а Кјелце и ПИК Сегед имаат по 16 бода.

Инаку, настапот на Вардар во групната фаза од Лигата на шампионите започна во сезоната 2001/2002 година. Вардар беше вториот македонски тим што успеал да се пласира во групната фаза од ЛШ, и да остане 10 сезони потоа меѓу најдобрите. Истата сезона против Шамбери црвено-црните ја остварија и првата победа во групната фаза (32-30), а во групата за противници ги имаа и екипите на Магдебург и Веспрем.

Четири сезони по ред од 2001 до 2005 вардарци играа во лигата на шампионите по што следуваше пауза се до сезоната 2009/2010.

Најголемите успеси во елитната лига започнаа во сезоната 2013/2014 кога Вардар оствари 6 победи на 14 средби, а за само еден гол не се пласира на завршниот „Ф4“ турнирот во Келн.

Досега РК Вардар во групната фаза од ЛШ има остварени 40 победи, 11 нерешени натпревари и 47 порази.

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Возило излета во Вардар во центарот на Скопје

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност