Ракометарите на Вардар изборија реми во Веспрем

Од:

Ракометарите на Вардар одиграа нерешено 28:28 во натпревар од СЕХА лигата вечерва на гостувањето кај актуелниот шампион Веспрем. Голот вреден бод и нерешен резултат го постигна Игор Карачиќ во последната секунда со удар од седум метри. Вардар со тоа остана непоразен во СЕХА лигата.

„Црвено-црните“ подобро го почнаа натпреварот и имаа водство од 6:1, но во финишот на првиот дел Веспрем успеа да изедначи на 12:12. Во вториот дел унгарскиот шампион водеше, а Вардар изедначи во последната секунда.

Момир Илиќ кај Веспрем и Лука Циндриќ кај Вардар со по 6 голови беа најефикасни, додека Петар Ангелов дуелот го заврши со 11 одбрани.

На другите два дуела одиграни вечерва: Горење – Загреб 27:26 и Татран Прешов – Извиѓач 27:25.

Табела: Вардар 32 бода, Загреб 22, Веспрем 22, Мешков Брест 20, Цеље 18, Горење 12, Татран Прешов 10, Нексе 8, Металург 7, Извиѓач 3.

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ