Ракометарите на Вардар по обврските во Лигата на шампионите и дел од нив по репрезентативните обврски со своите национални репрезентации се враќаат на активностите во домашниот плеј оф. Попладнево Вардар е домаќин на Борец од Велес во еден од одложените дуели на „црвено-црните“ (5.коло) поради европските обврски.
Почетокот на натпреварот е во 17 часот, а дуелот се игра во СЦ „Јане Сандански“.
Ракометарите на Вардар во четврток ќе го одиграат и вториот одложен натпревар од 6.коло против Металург повторно како домаќини, кога и ќе се решава прашањето на шампионот за оваа сезона. Металург оствари победа на првиот меѓусебен дуел оваа сезона во плеј офот.
Дуелот во четврток почнува во 19 часот и се игра исто така во СЦ „Јане Сандански“.