Ракометарите на Охрид одиграа нерешено со холански Волендам

Од:

Ракометарите на Охрид одиграа нерешено протов холандскиот тим Волендам во првиот меч од квалификациите за ЕХФ Купот.

На средбата играна синоќа во СЦ „Билјанини Извори“, Охрид и Волендам одиграа без победник 24-24 полувреме 13-15.

Гостите од Холандија беа во постојано водство од самиот старт, но благодарение на голманот Благојче Трајковски кој имаше 13 одбрани тимот на Охрид извлече нерешен резултат.

Во составот на Охрид се истакна Бобан Блажески со 6 голови, а по 4 реализираа Јовица Младеновски, Дервис Бирдахиќ и Лазар Адамовиќ. Кај гостите најефикасен беше Игор Мршулја со 6, додека 5 гола постигна Јап Бимстербоер.

И реваншот дуелот ќе се игра вечерва од 19 часот во салата „Билјанини извори“

Доколку Охрид мина во втората рунда, таму за противник ќе го има тимот на Порто и тоа во првиот меч е предвиден за 7 или 8 октомври, а реваншот на програмата е седум дена подоцна.

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ