Ракометарите на Металург се пласираа во финалето на Купот на Македонија

Од:

Ракометарите на Металург се првите кои обезбедија пласман во финалето на Купот на Македонија.

Во првиот меч од полуфиналето на завршниот Куп турнир кој се одржува во салата „Биљанини извори’’ во Охрид, екипата на Металург потешко од очекувањата го победи Вардар Јуниор со 30-28 полувреме 19-16.

Најефикасен поединец во победничката екипа на Металург беше Филип Талески со 8 погодоци, два повеќе од Костески кој мечот го заврши со 6 гола. Во тимот на Вардар Јуниор прв стрелец беше Црногорецот Ристо Вујачиќ со 7 гола.

Со тоа тимот од Автокоманда го обезбеди местото во утрешното финале, во кое за противник ќе го има победникот од вториот полуфинален меч меѓу Вардар и Охрид, кој ќе се игра вечерва, а во кој актуелниот шампион и бранител на трофејот Вардар е апсолутен фаворит.

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ