Ракометарите на Металург доживуваат вистинско патешествие, откако заради маглата авионот со кој што патувале од Виена за Скопје не можел да слета, па морал да се врати назад
Авионот со кој што ракометарите на Металург требаше да се вратат во Скопје, со големо задоцнување тргнал и стигнал до Скопје, но не можел да слета поради густата магла, соопштуваат на официјалната веб страна на РК Металург.
Тие вечерва ќе се обидат со друг лет да пристигнат до Приштина, а потоа со автобус да се превозат до Скопје.