Ракометарите на Еурофарм Работник подготвени за прва ЕХФ победа

Од:

Ракометарите на РК Еурофарм Работник се подготвени за претстојниот меѓународен натпревар со унгарскиот тим Татабања кој в недела ќе гостува во Битола.

Битолските „фармацевти“ денес најавија дека во второто коло од ЕХФ-купот очекуваат победа, а во тимот се враќа и ракометарот Пецаковски кој ја санирал повредата.

– Тимот на Татабања негува брз, динамичен ракомет, во тимот доминираат репрезентативци од Унгарија, Хрватска, Романија и Босна и Херцеговина. Во текот на натпреварот постојано го менуваат ритамот на игра, и во моментов се единствените што го победиле шампионот Веспрем. Битолската публика в недела ќе ужива, а ние сме подготвени за прва победа, истакна Ѓорге Ќирковиќ, тренер на РК Еурофарм Работник.

На денешната прес конференција во Битола, македонскиот ракометен репрезентативец Филип Кузмановски потврди дека тимот максимално се подготвува за дуелот со Татабања во спортската сала „Боро Чурлевски“ во која на теренот е поставена „герфлор“ подлога, за новинарите ќе биде отворен посебен прес центар, а загревањето во салата ќе биде засилено со „огнени топови“.

Би можело да ве интересира

Жељко Бабиќ: РК Еурофарм Пелистер е ракометен проект со иднина

Ана Ололовска

Алушоски пред мечот со Хановер: Имаат доста повредени ракометари, тука е нашата шанса

Ана Ололовска

Алушовски: Сакаме да покажеме едно лице, а не две како во Нашице

Втор пораз за Еурофарм Работник во ЕХФ купот

ЕХФ: Битолски Еурофарм Работник поразен од Хановер со три голови разлика