Ракометарите доминантно до пласман на 10. Светско првенство

Од:

Македонската ракометна репрезентација без никакви проблеми ја завери визата за Светското првенство 2027, откако вечерва во Скопје убедливо ја совлада Словачка со 38-23 и со доминантна игра го потврди пласманот на мундијалот во Германија.

По триумфот во првиот натпревар во Прешов, избраниците на селекторот уште поубедливо славеа на домашен терен и во голем стил обезбедија осми последователен настап на светските шампионати.

Македонија од самиот почеток го наметна своето темпо и брзо стекна висока предност. Со фуриозен старт нашите ракометари поведоа со 10-3, разлика идентична на онаа со која победија на првиот натпревар. До полувремето, Македонија контролираше целосно и на пауза замина со сигурни 18-11.

Доминацијата продолжи и во вториот дел. Македонија првпат стигна до двоцифрена предност при 23-13, по што стана јасно дека Словачка нема сили за пресврт. Со сигурна игра во одбраната и одлични интервенции на голманите, македонските ракометари до крајот само ја зголемуваа разликата за конечни 38-23.

Најефикасен во македонскиот состав беше Филип Кузмановски со 11 погодоци, Велковски постигна шест, додека Лазаревски додаде пет гола.

Ова е вкупно десетти настап на Македонија на Светските првенства, а осми во низа – уште една потврда за континуитетот на македонскиот ракомет на најголемата светска сцена.

Би можело да ве интересира

Ракометарите вечерва во Скопје против Словачка го потврдуваат настапот на СП

Ракометарките третпат по ред се пласираа на Европско првенство

Катерина Ѓуровски

EП: Македонската ракометна репрезентација со гол во последната секунда ја совлада Романија 24:23

А1он

Данска е минато, ракометарите денеска одмораат, па утре со сите сили на Португалија

А1он

Почнува европското првенство, македонските ракометари утре против Данска

Манасков не се враќа во репрезентацијата: Моите односи со селекторот Кирил Лазаров се нарушени

А1он