Данска е минато, ракометарите денеска одмораат, па утре со сите сили на Португалија

Од:

Во првиот дуел на Европското првенство 2026 македонската ракометна репрезентација синоќа претрпе убедлив пораз од кодомаќинот Данска со 36:24, а веќе утре го играме можеби клучниот натпревар за пласман во следната фаза – противник ни е Португалија.

По дуелот селекторот Кирил Лазаров изјави дека денешниот тренинг нема да се одржи со цел тимот да биде одморен во пресрет на дуелот со Португалија.

Тој се осврна ѝ на отсуството на двајцата искусни ракометари Никола Митревски и Жарко Пешевски, кои не беа во записникот на дуелот со Данска.

– Причината за нивното отсуство се ситни повреди и во разговор со играчите и медицинските лица и стручниот штаб е донесена одлука да не настапат. Да беа здрави сигурно ќе играа, тие имаат добра сезона и се надевам дека ќе бидат подготвени за неделниот дуел со Португалија, изјави Лазаров.

Нашиот следен ривал шампионатот го почна со победа над Романија со 40:34 во натпревар во кој во целиот тек имаа водство.

Натпреварот на македонските и португалските ракометари се игра во недела во Хернинг со почеток во 18 часот.

Би можело да ве интересира

Ракометарите доминантно до пласман на 10. Светско првенство

Катерина Ѓуровски

Ракометарите вечерва во Скопје против Словачка го потврдуваат настапот на СП

Ракометарките третпат по ред се пласираа на Европско првенство

Катерина Ѓуровски

Лазаров: Пред ЕП 2026 ќе прифатев ваков исход, но заслуживме да сме во Топ 12

А1он

EП: Македонската ракометна репрезентација со гол во последната секунда ја совлада Романија 24:23

А1он

Почнува европското првенство, македонските ракометари утре против Данска