Со голот на Барбоса во последната секунда, Шпанија ја победи Црна Гора со 27:26 во најинтересниот утрински натпревар на Светското првенство за ракометарки, што се одржува во Кумамото.
Оваа победа е значајна за „црвената фурија“ бидејќи во втората фаза ќе пренесе четири бода, а Црногорките продолжуваат со два.
Причина за радост имаше и Србија. Србинките ја победија Словенија со 29:27, и се пласираа во следната рунда, но таму ќе тргна од нула, бидејќи губеа од Норвешка и Холандија. Најзаслужна за победата беше Кристина Лишчевиќ, која постигна два гола во последната минута, и од 27:27, и донесе победа на репрезентацијата од два гола разлика.