Четиринаесет годишно момче го загуби животот на натпреварот Сан Хозе Оруро (Боливија) – Коринтијанс (Бразил), откако беше погодено со ракета лансирана од гостинските навивачи на Коринитијанс.
Несреќното момче синоќа беше погодено во глава, а од повредите од ударот на ракетата тоа починало на самото место.
Во тек е истрага за овој настан, а локалната полиција во Боливија веќе има приведено неколку осомничени лица за овој инцидент со трагичен крај.
Натпреварот Сан Хозе – Коринтијанс заврши нерешено 1:1, а се играше во рамките на фудбалското натпреварување на Јужна Америка, Копа Либертадорес кое е пандан на европската Лига на шампиони.