Австриецот Ханс Рајхалт го освои златниот медал во дисциплината супервелеслалом на Светското првенство во алпски дисциплини што се одржува во американскиот зимски центар Бивер Крик.
Рајхалт на трката возена вечерва по европско време, оствари резултат 1:15.68 минути.
Сребрениот медал отиде кај најголемото изненадување, Канаѓанецот Дастин Кук кој извози со време 1:15.79 минути. За Кук ова беше прв пласман во неговата кариера на место на подиумот.
Третото место и бронзениот медал се за Адриен Тео (Франција) со време 1:15.92 минути.
За Австрија ова е второ злато на СП, откако првото го освои Ана Фенингер исто така во супервелеслаломот.