Раиконен на чекор од голем рекорд, за кој не е заинтересиран

Од:

Пилотот на Алфа Ромео во Формула 1, Кими Раиконен има сосема реални предуслови да стане пилот со најмногу трки во историјата на шампионатот. Меѓутоа, во типичен стил, Финецот рече дека овој факт не го засега.

Седум старта пред крајот на минатата сезона пристигна веста дека последниот светски шампион со Ферари (2007 година), планира да се врати во тимот, од кој го започна својот пат – Заубер (моментално Алфа Ромео). Гран При на Абу Даби за 2018-та го одбележа 291-то учество на „Ледениот“ во кариерата во „кралските трки“, која започна во 2001 и не ги вклучува само сезоните 2010-та и 2011-та.

Триесет и девет-годишниот Раиконен потпиша за Саубер за две сезони и во моментов е петти во пласманот за сите времиња. Меѓу актуелните спортисти, тој е човекот сонајмногу стартови, откако е далеку пред Луис Хамилтон (231, 10-ти во листата). Со своите две трки во 2019 година, скандинавскиот тркач има 293 настапи и лидерот Рубенс Барикело е сосема блиску. Кариерата на Бразилецот траеше од 1993 до 2011 година, кога тој пропушти само 4 старта и запиша вкупно 322 трки на негова сметка.

До крајот на оваа година, има уште 19 трки, и ако Кими учествува во сите нив, ќе има 312 на своја сметка, или кажано поинаку – колку Фернандо Алонсо. Во исто време ќе ги надмине Михаел Шумахер и Џенсон Батон, кои се со 306. Веќе во втората година на својот договор ветеранот, под услов да биде во можност, ќе атакува и на постигнувањето на Баричело.

Кими Раиконен останува верен на себе, откако јасно кажа што размислува за статистиката.

– Никогаш не сум следел никакви бројки. Не ми е гајле дали ќе има 20 или 20 илјади, тоа не е важно. А ако не ја почувствувам познатата возбуда, едноставно ќе сопрам со трките, рече тој.

Гран При на Кина – третата трка за сезоната 2019 на Формула 1 – ќе се одржи во Шангај на 14-ти април.

Би можело да ве интересира

Раиконен се враќа на патеката за ГН на Русија

А1он

Кими Раиконен доби нов „Алфа Ромео“

Ана Ололовска

Раиконен ќе изедначи уникатен рекорд на денешната трка

А1он

Фетел немал проблем да го пропушти Раиконен во Бразил

Наум Локоски

Раиконен е за построги казни во Ф1

Наум Локоски

Леклер го менува Раиконен во Ферари

Наум Локоски