Рафаел Надал ја заврши кариерата

Од:

Рафаел Надал ја заврши кариерата, објави „Марка“.

Надал на посебен начин им се заблагодари на сите и откри дека се повлекува на крајот од сезоната.

– Здраво на сите. Овде сум да ве информирам дека ставам крај на мојата професионална кариера. Реалноста е дека имав неколку тешки години зад мене, особено последните две.

Мислам дека не би можел да играм без ограничувања. Ова е секако тешка одлука, за која ми требаше малку време да ја донесам.

Но, сè во животот има почеток и крај и мислам дека ова е вистинско време да се стави крај на кариерата која беше долга и многу поуспешна отколку што можев да замислам.

Многу сум возбуден што мојот последен турнир ќе биде финалето на Дејвис купот каде ќе ја претставувам мојата земја. Мислам дека го свртев целиот круг, бидејќи еден од првите успеси во кариерата беше играњето во финалето на Дејвис купот во Севиља во 2004 година.

Се чувствувам многу, многу среќен поради сите работи што ги доживеав. Сакам да се заблагодарам на целата тениска индустрија. На сите кои се дел од овој спорт, на сите мои колеги, особено на моите најголеми ривали. Поминав многу часови со нив и доживеав многу моменти кои ќе ги паметам до крајот на животот – изјави Шпанецот.

Шпанецот реши да престане да игра активно на крајот од сезоната, а останува да се види дали неговата иднина е поврзана повторно со тенисот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Брутален нокаут во САД ги „освои“ социјалните мрежи

Пијастри ја покори Кина

Новоматик Македонија одличен пример за општествена одговорност

Предраг Петровиќ

Дебарската каратистка Сара Дука освои бронзен медал на Балканското првенство во Будва

Исплашената Ема Радучану заплака кога виде маж на трибините, ВТА објасни што се случило

Предраг Петровиќ

Венус Вилијамс се уште игра на 45 години

Предраг Петровиќ