Радио диџејот Крис Еванс нов водител на ТВ емисијата „Топ Геар“

Од:

Познатиот британски радио водител Крис Еванс ќе го замени Џереми Кларксон како домаќин во мошне популарната телевизиска програма „Топ Геар“, соопшти управата на Би-Би-Си, потврдувајќи дека за тоа потпишал тригодишен договор.

Еванс, кој во септември ќе наполни 49 години, доаѓа на местото на популарниот, но контроверзен Кларксон, кој во март годинава беше тргнат од програмата, откако натепа еден од продуцентите во расправијата околу квалитетот на храната што им се давала на водителите, додека ги снимале последните три епизоди.

Заедно со Кларксон од програмата се повлекоа и другите двајца водители Ричард Хамонд и Џејмс Меј. Сите тројца се добри возачи, кои заедно прокрстарија низ патиштата на сите континенти.

Хамонд и Меј нема да учествуваат во програмата што ќе ја води новиот водител Еванс.

Во соопштението на Би-Би-Си се вели дека Еванс ќе продолжи и натаму да ја води својата утринска радио програма на радио Би-Би-Си 2, која има неколку милиони слушатели.

Во првата изјава за лондонските медиуми кои на неговото именување му даваат голем публицитет, Еванс вели дека е „длабоко возбуден“ што ја презема програмата „Топ Геар“.

Еванс ги отфрли како „целосно невистините и апсурдни“ тврдењата дека е доведен наместо Кларксон, за да ја „униформира“ програмата која има 350 милиони гледачи низ целиот свет.

Во соопштението на британската јавна медиумска компанија се вели дека Крис Еванс е перфектен избор.

– Познато е колку е големо неговото знаење за автомобилизмот и колкава е неговата страст кон автомобилите, се вели во соопштението на Би-Би-Си.

Би можело да ве интересира

Мет Лебланк речиси го прегази колегата на снимање

Ана Ололовска

Мет ЛеБланк со Крис Еванс ќе го водат „Топ Гиар“

Ана Ололовска

Кларксон, Хамонд и Меј серијалот „Топ Геар “ од Би-Би-Си го селат на Амазон

Емир Латифовиќ

Џереми Кларксон доби отказ од Би-Би-Си

Емир Латифовиќ

Околу 400.000 потписи на петицијата за „помилување“ на Џереми Кларксон

Емир Латифовиќ

Суспендиран водителот на „Топ Геар“ Џереми Кларксон

Ана Ололовска