Македонската карате репрезентативка Сара радичевска го освои златниот медал на Светскиот куп што се одржа во Лашко.
Таа со четири последователни победи влезе во финалето во категоријата -50 кг. каде беше поуспешна од Србинката Јелена Миливојевич со 2-0.
Сребрени медали на овој куп освоија и македонските каратистки од клубот Макпетрол кои настапија во дисциплината борби екипно. Во првото коло тие се сретнаа со Украина и загубија минимално со само еден поен разлика 0-1, и по влегувањето на Украинките во финалето, нашите девојки добија шанса преку репасажните борби да стигнат до бронзениот медал. Во тој пат најнапред убедливо беше совладана екипата на Англија со 2-0, потоа домаќинките од Словенија со 1-0, а во борбата за медал Македонија беше поуспешна од репрезентацијата на Косово со 2-0.