Добрите игри на ЖРК Вардар и трите победи по ред постојано им носат и некоја дополнителна индивидуална награда на ракометарките по секое одиграно коло. Овој пат по 4.коло во групната фаза од Лигата на шампионите, Јованка Радичевиќ се најде меѓу трите ѕвезди на колото, а Мајса Песоа ја имаше најдобрата одбрана.
Во 4. коло од Б групата во лигата на шампионите, вардарки пред домашна публика ја победија Асатраханочка со 39:25, што беше трет триумф по ред за нашите девојки. Радичевиќ постигна девет гола од вкупно 22 сезонава на четирите натпревари.
Голманката Мајса Песоа веќе ги покажува своите квалитети како голман. Една нејзина одбрана, уште во првите минути од натпреварот е прогласена за најдобра во ова коло.