Работник Еурофарм убедлив во дуелот со Радовиш

Од:

Ракометарите на Работник Еурофарм ја постигнаа 11.та победа во Супер лигата откако попладнево на домашен терен ја совладаа екипата на Радовиш со високи 11 голови разлика – 36:25. Со оваа победа Работник Еурофарм се изедначи со бројот на бодови со второпласираниот Охрид. Двете екипи имаат по 34 бодови.

Последниот натпревар од 16.коло вечерва од 19 часот го играат Прилеп и Охрид.

На вчера одиграните дуели од 16.коло: Вардар Јуниор – Металург 2 33:25, Пелистер – Борец 29:25 и Пролет – Работнички 40:23.

Табела: Пелистер 37, Работник Еурофарм 34, Охрид 34, Борец 26, Прилеп 23, Радовиш 22, Пролет 22, Металург 2 18, Вардар Јуниор 14, Работнички 0.

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ