Работнички во женска и Струмица во машка конкуренција победници во националниот одбојкарски куп

Од:

Одбојкарките на Работнички и одбојкарите на Струмица се победници во одбојкарскиот Куп на Македонија, откако денеска во финалните дуели во струмичко Василево беа поуспешни од своите ривали.

Работнички во маратонски дуел кој траеше два и пол часа ја победи Јанта Волеј со 3-2, по сетови 25:22; 25:27; 25:23; 25:27 и 15:9.

За одбојкарките на Работнички ова е прв куп-трофеј во клупската историја.

Во машкото финале Струмица со 3-1 го совлада Сушево. Резултатот по сетови беше 25:22; 25:20; 23:25 и 27:25.

Една од овие две екипи ќе стане и шампион на Македонија. Моменталниот резултат во финалната плеј-оф серија е 2-0 во победи за Струмица, а се игра до три добиени.

Би можело да ве интересира

Одбојкарите на Струмица поразени во првиот натпревар во Лигата на шампиони од Олимпијакос

Србија и Хрватска заеднички организатори на Светско првенство

Предраг Петровиќ

Италијанските одбојкарки го освоија златниот медал на Олимписките игри во Париз

Француските одбојкари ја совладаа Полска и го одбранија златниот медал

Српската репрезентативка преживеала пекол: Прво ја нападнале со ножеви, па и ставиле пиштол на глава

Предраг Петровиќ

Нов инцидент во Турција: Одбојкарки однесени во болница по нападот на навивачите

Предраг Петровиќ