Работнички рутинирано до полуфиналето на Куп на Македонија

Од:

Кошаркарите на Работнички рутинирано си ја завршија работата во двата четвртфинални натпревари против Т-Баскет и се пласираа во полуфиналето на Куп на Македонија.

Попладнево Работнички убедливо го доби реванш натпреварот против второлигашот Т-Баскет совладувајќи го со 60 поени разлика 123-63. Пласманот во полуфиналето тимот од „Градски парк„ го најави уште на првата средба во Тетово каде славеше победа со 91:72.

Вечерва ќе бидат познати уште два тима кои ќе му се приклучат на Работнички во полуфиналето и тоа по дуелите во Кавадарци и Куманово, каде домашните екипи ќе треба да надополнат негатива.

Фени Индустри против Кожув ќе започне со негатива од 6 поени (првиот меч заврши 84:78 за Кожув), додека Куманово ќе треба да надополни 7 негатива против Карпош Соколи кој во Скопје на првиот меч славеше со 81:74.

Последниот реванш четвртфинален меч меѓу МЗТ Скопје Аеродром и штипски Гоце Делчев ќе се игра во среда поради настапот на македонскиот шампион во регионалната АБА лига.

Потсетување, бранителот на трофејот во Купот на Македонија, екипата на МЗТ Скопје го доби првиот натпревар во Штип со 91:64.

Завршницата на 23-то издание на кошаркарскиот Куп на Македонија ќе се одржи на 21 и 22 февруари 2015 година, а домаќинот ќе биде дополнително одреден.

Би можело да ве интересира

Почина Дражен Далипагиќ

А1он

Сопругата на латвискиот кошаркар е осомничена дека го нарачала неговото убиство

Предраг Петровиќ

Раул Нето го раскина договорот со Барселона

(ВИДЕО) Лесор, кошаркарот на Панатинаикос, заработи тешка повреда

Горан Наумовски

Кошаркарите на Милвоки и Оклахома во финалето на НБА Купот

(ВИДЕО) Има 18 години, а висок е 236 сантиметри – џин беше уште во градинка

А1он