Работнички прв финалист на „Хуавеј Суперкупот“

Од:

Тимот на Работнички се пласира во финалето на кошаркарскиот „Хуавеј Суперкуп“ што се одржува во Охрид како увертира за новото издание од македонскиот шампионат.

Работнички вечерва во првото полуфинале со убедливи 79:56 го совлада Кожув и покажа дека иако со подмладен состав може да биде сериозен противник за останатите македонски екипи.

Најефикасни во победничкиот состав беа Стојан Ѓуровски со 17 и Димитар Мираковски со 14 поени. Кај Кожув најдобар беше Брендон Пен со 11 поени.

Вториот финалист во Суперкупот ќе биде познат по мечот помеѓу МЗТ Скопје и Куманово, кој ќе почне во 20:15 часот.

Финале е закажано за утре од 19:30 часот.

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Црвена звезда поразени од Цедевита Олимпија во 22.коло од АБА лигата

Тежок пораз на Црвена звезда од Баерн Минхен: Баварците сурово се одмаздија

Горан Наумовски

Почина млад српски кошаркар (15)

Кошаркарите на Црвена звезда се првите финалисти на Купот Радивој Корач

Огњен Добриќ стана 10-тиот најдобар стрелец во историјата на „Црвена звезда“

Кошаркарите на Партизан го победија Монако во 26. коло од Евролигата

Горан Наумовски