Работнички на чекор до пласман во квалификациите за Лига Европа

Од:

Екипата на Работнички е на чекор до пласман во квалификациите за Лига Европа.

Работнички попладнево на гостувањето во Тетово против Шкендија одигра нерешено 3-3, а со освоениот бод како и поразот на Ренова кај Вардар со 0-2, сега „романтичарите“ имаат шест бодови повеќе во однос на „гипсарите“. До крајот на првенството во Првата македонска фудбалска лига остануваат уште две кола, а Работнички има и далеку подобра гол разлика од Ренова.

На останатите средби од 34.коло во ПМФЛ, одиграни попладнево беа постигнати следниве резултати: Силекс – Пелистер 3-3, Победа – Македонија ЃП 4-2 и Шкупи – Брегалница 3-0.

Табела: Вардар 79 бодови, Шкендија 66, Работнички 54, Пелистер 52, Ренова 48, Силекс 43, Победа 38, Шкупи 36, Брегалница 21 и Македонија ЃП 19.

Би можело да ве интересира

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска

Бод против Бугарија во Разград: Македонија беше подобра, но не победи

А1он

Пеналите одредија три полуфиналисти во македонскиот куп

А1он

Четвртфиналните натпревари од фудбалскиот Куп на Македонија се одигруваат утре

А1он

Милевски: Италија е фаворит, но за исходот ќе се прашуваме и ние

А1он

Пораз на македонските фудбалерки од Северна Ирска

А1он