Фудбалските прволигаши попладнево ќе одиграат четири натпревари од 33.коло, а дербито на колото на Националната Арена „Филип Втори“ ќе го играат Работнички и Вардар. За домаќинот натпреварот е од голема важост бидејќи со евентуални три бодови ќе биде блиску до пласман во европските купови, додека шампионот Вардар посакува да ја продолжи серијата добри резултати.
Во Тетово Ренова го пречекува Силекс, а тоа е дуел на две екипи кои имаат теоретски шанси за настап во еврокуповите. Последнопласираната Македонија ЃП ја пречекува Шкендија, додека во дербито на дното на табелата Брегалница е домаќин на Победа.
Почетокот на натпреварите е во 16:30 часот.
На вчера одиграниот натпревар во Битола, Пелистер го совлада Шкупи со 1:0.
Табела: Вардар 75 бодови, Шкендија 62, Работнички 52, Пелистер 51, Ренова 45, Силекс 42, Шкупи 33, Победа 32, Брегалница 21, Македонија ЃП 19.