Работнички и Шкендија ќе играат во Ѓорче Петров

Од:

Натпреварот од осминафиналето од фудбслакиот Купот на Македонија меѓу Работнички и Шкеднија ќе се игра на стадионот во скопската населба Ѓорче Петров.

Ова денеска преку својот официјален веб сајт го соопштија од ФК Работнички кој ќе биде домаќин на првиот дуел во осминафиналната пресметка со Шкандија.

Ваквата одлука е донесена поради зафатеност на Националната арена „Филип Втори“ и претстојниот меч од Лигата на Европа меѓу Вардар и Зенит од Русија, кој ќе се игра во четврток.

Дуелот Работнички – Шкендија во среда ќе започне од 15 часот и 30 минути, термин во кој ќе се играат и средбите: Брегалница 2008 – Победа, Кожуф Гевгелија – Тетекс, Скопје – Еуромилк ГЛ, Пелистер – Борец, Силекс – Академија Пандев и Ренова – Струга Трим Лум.

Натпреварот меѓу Вардар и Шкупи ќе се одигра дополнително поради настапот на црвено-црните во Лига Европа.

Реванш натпреварите од осминафиналето се закажани за 18 октомври.

Би можело да ве интересира

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска

Бод против Бугарија во Разград: Македонија беше подобра, но не победи

А1он

Пеналите одредија три полуфиналисти во македонскиот куп

А1он

Четвртфиналните натпревари од фудбалскиот Куп на Македонија се одигруваат утре

А1он

Милевски: Италија е фаворит, но за исходот ќе се прашуваме и ние

А1он

Пораз на македонските фудбалерки од Северна Ирска

А1он