Путин интервенирал да се откаже концерт во Марсеј

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин интервенирал да се откаже концертот во Марсеј, закажан за петокот вечерта кој требало да се одржи во близина на хотелот каде што се сместени руските фудбалери.

Концертот на музичарот Серон требало да се одржи по првата фудбалска средба помеѓу Франција и Романија во зоната каде се сместени навивачите но и руските фудбалери.

-Со оглед дека руските фудбалери му се јавиле на Путин и му кажале дека не смее да има преголема бучава пред нивниот настап во сабота, следниот ден, ја испочитувавме нивната молба, рече градоначалникот на Марсеј, Жан Клод Годин.

Градската власт соопшти дека музичарот сосема ја разбира ситуацијата и ветил дека ќе се врати во Марсеј по финалето на Европското првенство на 10 јули.

Би можело да ве интересира

Трамп: Сакам Путин да постигне договор со Украина

Горан Наумовски

Кремљ: Путин останува отворен за разговори со Трамп, тоа може да се случи многу наскоро

ВИДЕО: Трамп му е многу лут на Путин

Путин не ја дава нуклеарката во Запорожје, ниту на Украина, ниту на Трамп

Катерина Ѓуровски

Фараж со апел до Трамп: Путин не смее да победи

Путин дадe дозвола: Новото „нуклеарно чудо“ е подготвено

Горан Наумовски