Пуштени во продажба билетите за дуелот Вардар – Копенхаген

Од:

Билетите за натпреварот од третото квалификациско коло за Лигата на шампиони меѓу македонскиот првак Вардар и данскиот Копенхаген од денеска се пуштени во продажба.

Управата на Вардар реши, билетите за овој меч да се продаваат по цена од 300 денари.

Вардарци добија можност овој меч да го играат на Националната Арена „Филип Втори“, а согласно препораката на УЕФА и договорот на двата тима првиот натпревр ќе се игра во Скопје во вторник (25 јули), додека реваншот во Копенхаген е на 2 август.

Билетите ќе се продаваат преку интернер страната на „ticketplus.mk“, и на вообичаената продажна мрежа како и досега.

Според објавеното на „ticketplus.mk“ ќе се продаваат воезници само за дел од Јужната (блок 1,2,3,4 и 5) и Западната трибина (блок 29 и 30).

Ваквата одлука се должи на тековните работи на останатите две трибини (Северна и Источна) кои се подготуваат за претстојниот дуелот од УЕФА Суперкупот меѓу Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед кој ќе се игра на 8 август, па затоа тие две трибини ќе останат затворени за мечот меѓу Вардар и Копенхаген.

Натпреварот меѓу Вардар и Копенхаген во фторник ќе започне во терминот од 20 часот.

Би можело да ве интересира

Вардар повторно има нов тренер

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Пелистер славеше над Вардар и го закова на дното

Комити бараат новиот газда на Вардар да го смени Миленко Неделковски

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Новоматик Македонија ќе го финансира ФК Вардар со еден милион евра годишно

Катерина Ѓуровски

Комити им се заканија на Арсовска и на Славески: Исплатете ги парите или ќе се радикализираме

ФК Вардар доби свој дом во Аеродром, пуштен во употреба новиот фудбалски терен наменет за младинската школа на клубот

А1он