ПСЖ очекувано славеше против Металург

Од:

Македонскиот ракометен шампион Металург претрпе пораз на гостувањето во Париз кај ПСЖ со 35:24 (19:10) во натпревар од 7.коло од групата А од Лигата на шампионите. Ова беше очекуван исход на дуелот по низата проблеми што ги имаше Металург во изминатиов период.

Домашните ракометари од самиот почекот на натпреварот навестија дека се подготвени за надигрување и ја казнуваа секоја грешка на Металург пред се во нападот. На полувремето резултатот беше 19:10. Во вториот дел ПСЖ ја имаше и највисоката разлика од 14 голови предност, но Металург успеа да намали до крајот на дуелот. Екипата на ПСЖ постигна дури десет голови од контранапади, а Металург само еден.

Со по шест голови најефиксани во своите екипи беа Никола Маркоски кај Металург и Марко Копљар во ПСЖ. За одбележување од натпреварот е што и двајцата млади ракометари на Металург се запишаа во стрелците: Мартин Манасков постигна два гола и Марко Нелоски еден.

На чело на табелата во А групата е Кил со 12 бода, пред ПСЖ со 10, Ла Риоха има 7, Загреб 6, Мешков Брест 5, а Металург 2.

Би можело да ве интересира

Се онесвести на паркет данскиот судија кого го пцуеја Македонците за „грабежот“ против Холандија на СП во Вараждин

А1он

(ВИДЕО) Илјадници граѓани на Бан Јелачиќ ги чекаат хрватските ракометари

Португалија во транс, Мартим ја одведе во полуфинале

Комплетирано 1/4 финале: Кој против кого до битката за медали?

Хрватска го „скрши“ Исланд и се доближи до четвртфиналето

Бразилските ракометари ја победија Шведска и ја оставија без осминафинале

А1он