ПСЖ ја комплетираше „четворката“ за Келн

Од:

Ракометарите на ПСЖ по денешниов реванш четвртфинален дуел со Загреб што заврши со резултат 32:32, ја комплетираше „четворката“ екипи кои оваа година ќе играат на „фајнл фор“ турнирот во Келн.

Претходно пласман во полуфиналето обезбедија: Киелце, Веспрем и Кил.

ПСЖ по убедливата победа на првиот дуел во Загреб од 28:20, попладнево си дозволи мало опуштање и во вкупниот резултат триумфираше над Загреб со 60:52.

Најефикасен на дуелот денеска беше играчот на Загреб Златко Хорват со осум голови.
Резултати на четвртфиналните дуели:

ПСЖ – Загреб 32:32 (28:20 прв натпревар)
Веспрем – Вардар 30:30 (29:26)
Барселона – Кил 33:30 (24:29)
Киелце – Флензбург 29:28 (28:28).

Завршниот турнир се игра во Келн на 28 и 29 мај.

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ