ПСЖ и Манчестер Сити се подготвени да платат за потписот на уругваецот, Едисон Кавани, откако објавија дека сакаат да ја купат клаузулата која изнесува 63 милиони евра.
Како што пренесуваат англиските медиуми, претставниците на двата клуба во јануари ги започнале првичните разговори со напаѓачот на Наполи.
Претседателот на италијанскиот клуб, Аурелио Де Лаурентис, минатото лето одби понуда од 50 милиони евра, која Зенит ја испрати за Кавани. Но неодамна тој рече дека доколку некој клуб ја плати откупната клаузула тогаш нема да може да го запре трансферот.
Манчестер сити сака да го донесе Кавани, како замена за Марио Балотели, кој е нов играч на Милан.
ПСЖ пак се надева дека преку Езикел Лавеци ќе успее да стигне до неговиот потпис.
Младиот уругваец во текот на својата кариерата постигна 142 голови на 268 натпревари. Во дресот на Наполи на 121 натпревар, постигнаа 93 погодоци.