Психоделичното „Порше“ на Џенис Џоплин продадено за 1,76 милина долари

Од:

Иако се проценуваше дека вреди меѓу 400 и 600 илјади долари, класичното „Порше 356 Ц“ кабриолет со 1.600 „коња“ од 1964 година, што и припаѓало на славната Џенис Џоплин, на аукција во Њујорк е продадено за неколку пати поголема сума пари.
Класичното „Порше“ било заборавено во амбар и повеќето луѓе не би го ни погледнале двапати, но тоа реално чинело 150.000 долари.

За автомобилот што пеачката го купила во 1968 година  наддаваа седум лица, што значително ја крена неговата цена, а на крајот новиот сопственик  изброи 1,76 милиона долари.

Тоа е рекордна сума пари што некој ја издвоил за овој модел на „Порше“.
Џенис Џоплин по купувањето на „ Поршето“ го ангажирала својот пријател Дејв Ричардс за возилото да го  отслика со психоделични мотиви.

Муралот, што ја персонифицира личноста на пеачката, но и уметничкиот и музички период во кој живеела и творела, Ричардс го нарекол „The History of the Universe”.
Автомобилот кон крајот на шеесетите чинел 3.500 долари, што денеска одговара на сума од околу 24.000 американски „зелени“.

Возилото било во посед на Џенис Џоплин само неколку години, со оглед на фактот дека пеачката починала во 1970 година, кога имала само 27 години.

Би можело да ве интересира

Летечки автомобил би можел да се најде на пазарот до 2020 година

Емир Латифовиќ

„Голф“ најпродавана марка во Шведска, „Волво“ падна на второ место

Емир Латифовиќ

Моделот „Сузуки Свифт“ за 2017 година ќе има пет врати

Емир Латифовиќ

Ford се откажа од фабриката во Мексико во вредност од 1,6 млрд долари

Емир Латифовиќ

Големите и скапи СУВ модели се побарани во 2016.

Емир Латифовиќ

„Ауди“ во Унгарија произведе милион возила и 30 милиони мотори

Емир Латифовиќ