Француската групација Пежо-Ситроен (ПСА) е добитник на наградата најдобар мотор на годината за својот трицилиндерски Турбо ПуарТек агрегат.
Моторот освои најмногу гласови во категоријата агрегарти од 1,0 до 1,4 литри зафатнина и на овој начин го потврди успехот на единицата што веќе е произведена во над 100.000 примероци во ПСА погонот во Дуврин, Франција.
Изборот 17. година по ред британскиот магазин „Енџин Технолоџи Интернешанл“ го организираше во Штутгарт, Германија.
ПуарТек семејството на трицилиндерски мотори може да се пофали со високи перформанси со ниска потрошувачка и мала емисија на штетни гасови. 1,0 литарските и 1,2 литарските агрегати се произведуваат од 2012 година, а 1,2 литарскиот турбо мотор од 2014 година.
Моторите ПуарТек може да се најдат во Пежо 108, 208, 308, 2008, 3008 и 5008, Ситроен Ц1, Ц3, Ц3 Пикасо, Ц4, Ц4 Кактус и Ц Пикасо, како и ДС 3и ДС 4 моделите.