Екипата „Storm Eindhoven“ го разви првиот електричен мотоцикл на светот прилагоден за долго возење, со кого има намера да реализира проектот „пат околу светот за 80 дена“ и со тоа да ги покаже новите можности на одржливиот транспорт.
Група студенти од Универзитетот за технологија во холандски Ајндховен го разви електричниот мотоцикл „Storm Pulse“, со краен дострел од 380 километри, што е наменет за возење на долги патеки. Покрај тоа, групата за своја цел си постави во 2016 година со него да тргне на пат околу светот за 80 дена.
Нивниот мотоцикл може да се пофали со иновативен модуларен пакет батерии, што на возачите им овозможува да ги заменат за неколку минути. На крајните релации може се користи само еден дел од пакетот батерии за мотоциклот да биде полесен и подобар за управување.
Пневматиците за овој мотоцикл, што уште го нарекуваат и „Тесла меѓу мотоциклите“, екипата на „Сторм Ајндховен“ ги избра врз основа на резултатите од тестовите. Се одлучиле за најновите пневматици „Dunlop RoadSmart III“, заради нивната издржливост.
А токму издржливоста е од најголема важност за проектот со кој ќе бидат опфатени 26.000 километри возење по најтешки патишта низ Европа, Азија и Северна Америка.