Марк Селби ќе игра во финалето од Отвореното првенство на Велика Британија против Шон Марфи, откако вечерва го совлада Марк Дејвис со 9:4.
Иако пибликата во Јорк навиваше за Дејвис, за да гледа што повеќе снукер, Селби не ја направи грешката која вчера ја направи Картер.
Имено по првата сесија Селби водеше со 6:2, па стигна и до 8:3. Дејвис намали на 8:4, за следниот фрејм да го добие Селби, а со тоа и мечот.
Марк Селби никогаш не го поминал осминафиналето на првенството на Велика Британија, ова е негов прв пласман во финалето, а од понеделник ќе биде број 1 на снукер ранкингот.