Прво финале на Мастерс 1000 за Германецот Зверев

Од:

Германскиот тенисер Александар Зверев успеа да се пласира во финалето на Мастерсот 1000 во Рим откако во полуфиналето со 2-1 во сетови (6:4 ; 6:7; 6:1 во гемови) го победи Американецот Џон Изнер.

Ова за германскиот тенисер е најголем успех и прв пласман во финале на турнир од овој ранг.

Тој за противник во финалето (се игра утре) ќе го има победникот од мечот меѓу Новак Ѓоковиќ и Доминик Тием што почнува вечерва од 20 часот.

Во женското финале утре ќе играат: Симона Халеп и Јелена Свитолина. Халеп ја совлада Кики Бертенс со 2-0 во сетови, додека Свотолина до финалето стигна откако нејзината ривалка денеска Гарбине Мугуруза го предаде мечот поради повреда во првиот сет при водство на Свотолина од 4:1 во гемови.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Во Мелбурн го „пецнаа“ Зверев за девојката со која има дете

А1он

ВИДЕО: Зверев е прв полуфиналист на Австралија опен, го чека победникот од мечот Ѓоковиќ-Алкараз

Зверев и Пол во третото коло на Австралија Опен

Зверев е на чекор до претекнување на Ѓоковиќ

Александар Зверев се пласираше во осминафиналето на тенискиот турнир на Олимписките игри

Зверев за малку избегна дисквалификација, направи нешто што не смееше

Предраг Петровиќ