Првите две стартни места за Мерцедес на германското Гранд при

Од:

Тимот на Мерцедес ќе ги има првите две стартни места на утрешната 12-тата трка во Формула 1 шампионатот за Големата награда на Германија.

Во денешните квалификации возачите на Мерцедес остварија најдобри времиња, а од пол-позицијата трката на патеката во Хокенхајм ќе ја започне домашниот фаворит Нико Розберг, пред клупскиот колега Луис Хамилтон.

Зад нив во вториот стартен ред ќе бидат возачите на Ред Бул, Даниел Рикардо и Макс Верстапен, додека од третиот ред германското Гранд при ќе го почнат пилотите на Ферари, Кими Раиконен и Себастијан Фетел.

Во генералниот пласман водечки е Хамилтон кој има 192 бода, шест повеќе од Нико Розбер. По нив следуваат: Даниел Рикардо (Ред Бул) 115, Кими Раиконен (Ферари) 114, Себастијан Фетел 110 (Ферари), Макс Верстапен (Ред Бул) 100 …

Следната 13-та трка ќе се вози на патеката Спа-Франкошамп за Големата награда на Белгија на 28 август.

Би можело да ве интересира

Леклерк победи на трката во Формула 1 за Големата награда на Италија

Расел победи на трката за Големата награда на Австрија

Инцидент во Формула 1 во Монте Карло, целосно уништен болидот на Серхио Перез

Азурно сино Ферари на трката во Мајами

Предраг Петровиќ

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес

Саинц победи во Сингапур